Полнети свински шницли

popara13 јуни, 20121min00
recept

Потребни состојки:

  • 8 мали свински шницли
  • 150гр крем сирење со билки
  • 8 листови шунка
  • Сол, бибер
  • Масло

Начин на подготвување:

Секоја шницла премачкајте ја со лажичка сирење, преку него ставете праче шунка, преклопете и зацврстете со чепкалка.

Загрејте го маслото и месото испрежете го од сите страни (околу 2 минути). Тргнете ги од оган, посолете и сервирајте со пире од компир.

Совет:

Наместо пире од компири со месото може да послужите сос од печурки. Во маслото од месото ипржете 50 грама шампињони (околу 5 минути), измешајте 50 грама крем сирење и тргнете го од оган. Сосот посолете го, додадете бибер и сервирајте со месото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma