Потребни состојки:
- 1 портокал
- 200мл сок од портокал
- 1 јајце
- 125гр путер
- 150гр брашно
- лажица прашок за пециво
- лажица сода бикарбона
- малку сол
- 80гр шеќер
- кесичка шлаг
- изрендана кора од портокал
Начин на подготовка:
Потокалот исечете го на парчиња, извадете ги смеките и изблендајте заедно со сокот. Во тоа измешајте јајца и путер, а потоа и брашно со сода бикарбона, прашок за пециво, сол и шеќер. Смесата ставете ја во корпици за мафини, украсете со шлаг и кора од портокал.