За тесто:
600 гр. брашно
250 мл. млеко
70 гр. шеќер
2 јајца
150 гр. маргарин
2 квасци
Малку сол
За фил
500 гр. мелен мак
2 дл. млеко
1 кесичка цимет
За премачкување:
1 жолчка
Припрема:
Изматете го маргаринот, јајцата, топлото млеко, шеќерот и солта, па додадете ја смесата во брашното кое претходно сте го измешале со квасецот. Измесете го тестото и оставете го да отстои половина час.
Од тестото на набрашнета површина развлечете правоаголна кора со дебелина од околу еден сантиметар. Макот прелијте го со врело млеко и додадете го циметот па промешајте. Со филот премачкајте ја кората и завиткајте ја во ролат.
Ставете го ролатот во тава за печење во која сте ставиле хартија за печење и премачкајте го со изматената жолчка. Оставете го ролатот да отстои уште 20тина минути, па ставете го во загреана рерна и печете на температура од 200 степени околу 20 минути. Добар апетит!