Потребни состојки:
- 500гр. Свинско филе
- Сол, бибер
- 1 тиквица
- 1 црвена пиперка
- 150гр. Масен крем сирење
- 2 лажци маст
Начин на подготовка:
- Месото измијте го и исушете го. Исечете го надолжно но не сосема. Од сите страни побиберете го и посолете.
- Зеленчукот подгответе го, исчистете го и иситнете го на блендер. Додадете го крем сирењето и добро измешајте. Загрејте ја рерната на 175 C.
- Смесата намачкајте ја на месото, завикајте го и поврзете го со кујнски конец. Испржете го месото на врело масло од сите страни. Префрлете го во ватростален сад и ставете го во рерна да се допече, уште околу 20 мин. Во текот на печењето, превртете го месото 2 пати. и преливајте го во сосот од печењето.
- Извадете го месото, завиткајте го во фолија и оставете го така да отстои колу 10 мин. Да се извади конецот и да се исецка на кришки. Се сервира со пире од компир и рукола( млад спанаќ или зелена салата).