Пругасти коцки

popara28 мај, 20121min00
blueberry-cake

Потребни состојки:

За кора:

  • 3 јајца
  • 150гр Шеќер
  • 50мл. масло
  • 100мл. млеко
  • 100гр Чоколадо
  • 100гр мелени лешници

За темен фил:

  • 400мл млеко
  • Пудинг од чоколадо
  • 60гр Шеќер
  • 100гр Чоколадо
  • 6 лажици јако црно кафе
  • 250гр Путер

За бел фил:

  • 150гр Исчистени вишни или цреши
  • 2 кесички шлаг пена
  • 2 кесички шлаг – фикс

За декорација:

  • 2 кесички прелив за торта
  • Шлаг
  • Чоколадни трошки

Начин на подготовка:

Јајцата и шеќерот пенасто изматете ги со миксер, додајте го зејтинот, млекото, растопената чоколада, брашното размешано со прашак за пециво и лешници. Смесата добро изедначете ја и пресипете ја во подмачкан и со бршно посипан плех. Печете 40 мин. на 180 Ц. Прашак за пудинг измешајте со 2-3 лаж. шеќер. Од ладното млеко одвојте 6 лаж. и измешајте ги со смесата за пудинг и шеќерот. Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган и додадете му го размешаниот пудинг. Продолжете да го варите уште 2 мин. додека да се згусне кремот. Во топлиот пудинг размешајте растопена чоколада и црно кафе. Добро оладете го и соединете го со разматениот путер и распоредете го по оладената кора. Изматете ја шлаг пената со вода, исцедете ги вишните или црешите , матете уште малку и распоредете ги рамномерно по темниот фил. На крајот прелијте ги со припремениот прелив, измешан со сецкани вишни и цреши. Оладениот колач исечете го на коцки и секоја коцка украсете ја со шлаг и посипете ја со  чоколадни трошки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag