Потребни состојки:
- 4дл кисело млеко со ниска масленост
- 1,5дл слатка павлака
- 4 лажици шеќер
- 125гр шумски јагоди
- 10 парчиња бисквити (во форма на срце)
- 12гр желатин во лисја
Начин на подготовка:
Листовите желатин потопете ги во ладна вода да омекнат, потоа исцете ги и ставете ги во посебен сад. Додадете две лажици слатка павлака и шеќер и варете на умерена температура додека не добие густа, хомогена маса. Почекајте да се олади, додадете кисело млеко и промешајте.
Направете шлаг од преостанатата павлака и помешајте го со кремот од кисело млеко. Додадете исчистени шумски јагоди и 2 издробени бисквити и уште еднаш промешајте ги сите состојки да се соединат.
На дното од чашите ставете по еден бисквиот во облик на срце, преку него сипете ја подготвената смеса и чувајте неколку часа во фрижидер добро да се стегне. Чашите со оладениот пудинг извадете ги од фрижидер и наредете ги на неколку минути во плех наполнет со топла вода. На овој начин полесно ќе го извадите пудингот од чашите. Сервирајте со бисквит и свежи шумски јагоди.