Рецепти за велигденски јајца, направени од хранa

popara15 април, 20121min00
2

Направете сами, јајца за декорација на велигденската трпеза, со кои ќе си го украсите домот а воедно и ќе уживате во нивниот прекрасен вкус.

Јајца од сирење:

Потребно е бело меко сирење, да се помеша со путер, рачно да се обликуваат јајцата, потоа се валкаат во измешани зачини (оригано, бибер, магдонос и пиперка)

Чоколадни јајца:

За подготовка на овие јајца, потребно ви е 350г. чоколадо, 250г чеќер, 2 жолчки, лажичка црно кафе, 100г, путер, 1 ванилин шеќер, чококладо во прав, чоколадни чарени украсни трошки. Чоколадото растопете го на пареа. Одвоено разматете жолчка со шекер, додајте путер, потоа кафе и чоколадо. Оставете да се олади. Обликувајте ги јајцата и посипете со чоколадото во прав и украсете со трошките.

Јајца со рум:

Подгответе 250г. мелени ораси, 250г.шеќер во прав, 3 ребра чоколадо и мала чашка рум.Измешајте ги орасите со изренданото чоколадо, шеќерот и онолку рум колку што е потребно за да се добие цврста маса. Обликувајте ги јајцата и оставете на воздух да се исушат.

Јајца од бадеми:

300 г. бадеми, 250 г. шеќер, малку млеко и 2 ребра чоколадо. Малку пропржете ги бадемите, извадете ја кожата и кога ќе се оладат сомелете ги. На шпорет растопете шеќер со млеко и додадете ги бадемите. Варете додека смесата не се згусне, но не да проврие… Оставете ги да се оладат и украсете ги со растопено чоколадо.

Јајца од ораси:

Потребни ви се 250г. мелени ораси, 250г.шеќер, 1 јајце, 1 чоколадо, 50г. бадеми и 1 чашка рум.

Изрендајте го чоколадото и помешајте го со сите состојки. Обликувајте ги јајцата и валкајте ги во шекер. Се сушат на воздух.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma