Потребни состојки:
- 1кг бела риба (филети)
- лажичка шеќер
- 2 лажици мелен ѓумбир
- чешне лук
- 2 лажици бело вино
- сол и бибер
Начин на подготовка:
Помешајте ги сите состојки за маринадата и со нив прелијте ги филетите. Покријте ги со фолија и оставете ги два часа во фрижидер. Печете од секоја страна по пет минути. Пиперките испечете ги, излупете и сервирајте со риба.