Потребни состојки:
- 500мл млеко
- 1 кромид
- 2 долги траки кора од лимон
- 1 ловоров лист
- 450гр бела риба
- 40гр путер
- 1 лажица брашно
- 2 лажици бело вино
- 50гр рендан кашкавал
- ½ лажица сенф
- 3 лажици павлака за готвење
- Сол, бибер
За трошки:
- 50гр презла
- 30гр стно рендан кашкавал
- ½ магдонос
Начин на подготовка:
Во тенџере ставете млеко, кромид, кора од лимон, лаворов лист и риба, па доведете во вриење и варете околу 5 минути, додека рибата не омекне.
Извадете ја рибата, млекото исцедете го и сочувајте.
На оган ставете го тенџерето, стопете го путерот, додадете брашно и пропржете. Прелијте со млеко и сварете густ сос. Тргнете од оган и додадете вино, кашкавал, сенф, павлака, сол и бибер. Рибата исечете ја на мали парчиња и додадете сос. Се измешајте. Ставете во огноотпорен сад и покријте со трошки. Ставете во рерна на 2-3 минути, да потемни.
За трошките, помешајте презла, кашкавал и магдонос.