Состојки:
– 500 гр. Бело месо
– 1 главица кромид
– 2 кришки стар леб
– 1 лажица сецкан магдонос
– 50 гр. Печеница
– 150 гр. Кашкавал
– 100 гр. Сланина
– 1 јајце
– Масло за јадење
– 1 брокула
– Мешавина од неколку зачини по желба и бибер
Подготовка:
Најпрво пилешкото бело месо треба да се измеле со машина.
Кромидот и печеницата се сецкаат ситно, а кашкавалот се сецка на стапчиња.
Кришките стар леб се ставаат во вода да омекнат и се цедат и делат.
Во поголем сад се соединуваат меленото месо, со едно јајце, печеницата, кромидот лебот, зачините и добро се меша.
Намачкајте ги рацете со масло за јадење и формирајте од смесата ролни. Во средината оставете простор и ставете од кашкавалот и прекријте ги со месото. Малите ролатчиња завиткајте ги во парчиња сланина.
Во тава ставете хартија за готвењње и ролните наредете ги и оставете ги да се печат во предходно загреана рерна на 200 степени.
Брокулата малку обарете ја и послуѓете ја со готовите ролати од мелено месо.