Потребни состојки:
- 9 кори за пита
- 300гр шунка
- 200гр кашкавал
- 100гр пршута
- зелена салата
- 2 кисели павлаки
- масло
Начин на подготовка:
За една ролна идат по три кори, а секоја треба да ја попрскате со масло и да ја намачкате со тенок слој павлака. Преку третата кора наредете листови шунка и кашкавал, а на средната ставете листови пршута и зелена салата. Така направете три ролати, попрскајте ги корите со масло и вода и кратко запечете.