
Потребни продукти:
– 500 гр спанаќ,
– 200 гр коприва,
– 1 главица кромид,
– Едно снопче магдонос,
– Сок од еден лимон,
– Една супена лажица маслиново масло,
– Парче сирење,
– 2 сварени јајца,
– 10 маслинки
Спанаќот и копривата се мијат добро и се попаруваат со врела вода. Се цедат и се сецкаат. Ставете ги во голем длабок сад заедно со исецканиот кромид. Посолете, додадете го сокот од лимон, маслото и нежно промешајте. Од горе се ренда парчето сирење. Се украсува со парчиња јајце исечено на тркалца и со маслинките. На крај можете да додадете бибер.