Потребни состојки:
- 400гр мешана салата
- 100гр горгонзола
- 100гр чадено сирење
- 2 лајм
- 0,1 л маслиново масло
- Сол, бибер
Начин на подготвување:
Измијте ја и исецкајте ја салатата на листови, исечете го сирењето и ставете го во друг сад, а потоа исчистете ги орасите. Во мал сад смеса од лајм и маслиново масло, со тоа што прво ќе го исцедите сокот од лајмот, па полека додадете го маслиновото масло со постојано мешање, додека не добиете густа смеса. Кога се е подготвено наредете ја салатата на чинии како подлога, распоредете го сирењето и орасите, прелијте со смесата од лајм и масиново масло, додадете бибер и сол по вкус.