Потребни состојки:
1 јаболко
200 гр. излупена диња
100 гр. шеќер
1 ванилин шеќер
700 мл. црно вино
50 мл. амарето
300 мл. вода
300 гр. праски
Припрема:
Излупете го јаболкото, отстранете ги семките и исецкајте ги на коцки. Дињата исецкаје ја на коцки. Праските излупете ги, отстранете ги семките и исецкајте ја на коцки.
Овошјето ставете го во поголем сад, посипете го со шеќер и ванилин шеќер, промешајте и оставете го да отстои еден час. Потоа во садот со овошјето додадете го виното, амаретото и водата па добро промешајте.
Садот со сангрија ставете го да остои на ладно место неколку часа.