По сендвичот гасеница, ви претставуваме уште една интересна идеја за мини сендвичи со кои ќе ги воодушевите вашите гости.
Потребни состојки:
20 парчиња интегрален леб
400 гр. крем сирење
20 шери домати
Копар за украсување
Припрема:
Парчињата леб намачкајте ги со крем сирење и посипете ги со сецкан копар.
Шери доматите пресечете ги на половина и по една ставете на секое лепче. Останатите половинки повторно исечете ги на половина и ставете ги до едно до друго до веќе ставената половинка за да добиете „бубамара“.
Со две гранчиња копар направете „антени“, а со малку крем сирење нацртајте очи. Добар апетит!