Потребни состојки:
- 4 сварени компири
- 1/2 зелка
- 1 целер
- 1 ротквица
- 1 морков
- 3 лажици мајонез
- 1 лажица сенф
- 2 лажици масло
- 1 лажица лимонов сок
- сол
- неколку листови зелена салата
Начин на подготовка:
Изрендајте го зеленчукот во еден сад и помешајте. Прелијте со масло. Додадете мајонез измешан со сенф и сок од лимон, а потоа добро измешајте. Ставете ја салатата во сад и украсете со сецкани листови зелена салата.