Шери пилешко

popara26 јули, 20121min00
seri-pilesko

Потребни состојки:

  • 600гр пилешко бело месо
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • 200гр вишни
  • 250мл сок од вишни
  • 2 лажици густин
  • цимет
  • лажица шеќер
  • 150гр брашно
  • 2 јајца
  • рузмарин

Начин на подготовка:

Пилешкото филе истолчете го, посолете, додадете бибер и испечете на загреано маслиново масло. Во друг сад ставете ги вишните и сокот од вишни, загрејте и додадете цимет и шеќер. Густинот изматете го во вода и згуснете ја смесата од вишни. Изматете јајца, додадете постепено брашно, рузмарин и мешајте додека смесата не биде компактна (ако е потребно, поради густина, додадете малку млеко). Со супена лажица отстранете ги кнедлите и варете ги во зовриена вода. Сервирајте ги кнедлите и пилешкото во чинија, па прелијте со сосот од вишни.

Совет: Важно е да не претерате во количината на цимет за до израз да дојде аромата на овошјето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma