Шпагети со печурки и песто од лимон

popara9 јануари, 20121min00
spageti

Потребни состојки:

1 пакување шпагети

300 гр. шампињони

1 китка магдонос

2 чешниња лук

Кора од 2 лимони

Сок од 1 лимон

100 гр. многу ситно сецкани лешници

Масло за јадење

Сол

Припрема:

Ставете ги во блендер магдоносот, 5 лажици масло за јадење, сокот и кората од лимоните, лукот и лешниците, па посолете и матете се додека не добиете хомогенизирана смеса.

Сварете ги шпагетите во солена вода, па оставете ги да се исцедат. Префрлете ги во голем сад.

Во тавче на оган загрејте масло па пропржете ги печурките. Во садот со шпагети додадете ги пржените печурки и претходно подготвеното песто од магдонос и лимон, па промешајте.

Сервирајте ги шпагетите на чинија за сервирање и декорирајте по желба. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag