Шпагети со сос од брокула

slobodan1 ноември, 20121min00
spageti

Потребни состојки:

  • 400 гр шпагети
  • 500 гр брокула
  • една главица кромид
  • две чешниња лук
  • 100 гр сусам
  • маслиново масло
  • босилок
  • сол

Начин на подготовка:

Шпагетите се варат во солена вода па потоа се процедуваат. Брокулата исто така се вари во солена вода и се процедува. Во сад со врело масло се пропржуваат ситно исецканиот кромид и лук. Во него се додава исецканата брокула и малку од водата во која се вареше брокулата и се пропржува. Потоа се трга од оган и се додава сусамот и исецканиот босилок. Одкако малку ќе се излади се блендира. Сосот го посипуваме врз шпагетите. По желба може да попрскате со маслиново масло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag