Потребни состојки:
- 300гр бело масно сирење
- 250гр колбаси
- 250гр варена шунка
- црвени пиперки
- 3 краставици
- 2 мали главици кромид
- 2 лажици оцет
- 4 лажици маслиново масло
- една лажица сенф
- 3 лажици босилек
- 3 лажици магдонос
- сол, бибер
Начин на подготовка:
Во сад за салата ставете на коцки исецкано сирење, на кругови сечена кобасица, иситнета шунка, пиперки, краставици на ленти и кромид во кругови. Измешајте оцет со малку сол и масло, додадете сенф, бибер и зачин, па прелијте преку салатата. Со мали движења добро измешајте ги сите состојки и оставете да одстои неколку минути пред сервирање. Послужете во длабок сад и украсете со магдонос.