Слатки хамбургери

popara28 август, 20121min00
hamburgeri

Потребни состојки:

–          450 гр готова смеса за крофни

–          125 гр моцарела

–          2 парчиња киви

–          Јагоди или малини

–          Сливи

–          20 гр свеж квасец

–          Шеќер во прав

–          60 мл масло

Подготовка:

Во длабок сад сипете околу 200 мл млака вода и ставете една лажица од смесата за готовите крофни. Додајте го свежиот квасец и убаво измиксирајте го да не останат грутки во тестото. Оставете го 15 мин да нарасне. Потоа додадете ја преостанатата смеса за готови крофни. Ставете го и маслото и убаво измесете. Оставете го тестото на набрашнета работна површина и прекријте го со крпа. Нека отстои 40 минути.

Расукајте го тестото во дебелина од 6 до 7 милиметри и со чаша исечете го на кругови. Оставете ги круговите тесто да стасаат уште 15 мин. Потоа пржете ги на загреано масло од двете страни. Испржените крофни ставете ги на хартија за да ја впие непотребнат маснотија. Оставете ги нека се изладат, а вие во меѓувреме исецкајте го овошјето и моцарелата. Секоја крофна расечете ја на половина и наполнете ја со филот од овошје. Одозгора посипете ги слатките хамбургери со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag