Потребни состојки:
250 гр. крем сирење
100 гр. путер од кикирики (или обичен путер мешан со мелени кикирики)
100 гр. шеќер
8 плазма бисквити
100 гр. истопена млечна чоколада
100 мл. хопла и 2 лажици шеќер
1 лажица какао
Припрема:
Во посебен сад изматете го крем сирењето, путерот од кикирики и шеќерот. Матете се додека смесата не се соедини. Во посебна чинија изматете ја хоплата со двете лажици шеќер.
Земете 4 чаши. На дното на секоја чаша ставете ја искршената плазма. Прелијте ја со слој од смесата со крем сирење, па со растопената чоколада. Уште еднаш повторете ја постапката. На крајот украсете со филот од слатка павлака и какао (или пак искршено чоколадо).
One comment
Sandra
24 март, 2012 at 11:28
Мноооогу е вкусно. Само што,моја препорака,наместо млечно чоколадо,сепак подобро е чоколадо за готвење, млечното се стврднува…..а чоколадото за готвење останува помеко.