Сникерс бајадера

popara18 март, 20121min00
snikers bajadera

Потребни состојки:

200 гр. маргарин

200 гр. шеќер

1 дл. млеко

100 гр. чоколадо за готвење

100 гр. кикирики

300 гр. мелени бисквити

За глазура:

50 гр. маргарин

100 гр. чоколадо

Припрема:

На тивок оган растопете го маргаринот и додадете го шеќерот. Кога масата ќе се соедини, додадете го растопеното чоколадо, млекото, бисквитите и мелените кикирики. Промешајте се додека смесата целосно не се соедини.

Смесата префрлете ја во помал калап или тавче. На оган растопете го маргаринот за глазура и додадете го чоколадото, па постојано мешајте се додека смесата не се растопи. Со глазурата прелијте ја бајадерата и ставете ја да отстои во фрижидер најмалку три часа. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma