Вкусните крофни не мора секогаш да бидат благи – може да ги направите по свој вкус. Овој рецепт е за солени крофни со сирење, билки и зачини. Тие можат да бидат одличен доручек или вечера. Можат и да бидат ужина ако ги комбинирате со некое вино. Еве како да ги подготвите:
Состојки:
- 100 гр Фета сирење
- 50гр Пармезан
- Неколку стебленца магдонос, копар и босилек
- Малку оригано и црн пипер
- 20гр квасец
- 500 гр брашно
- 1 чаша вода
- едно јајце
- и малку шеќер и сол
Начин на подготовка:
Растопете го квасецот во топла вода со неколку лажици брашно. Кога квасецот ќе надојде, додадете го остатокот од брашното, јајцето, ситно изрендано сирење, и билките и зачините. Месете го тестото. По потреба додадете брашно и вода за да го направите тестото нелепливо. Направете го во облик на топка, ставете го во сад и покријте го. Оставете го така покриено околу 2 часа. Потоа извадете го тестото и исечете од него прстени и оставете ги десетина минути. Потоа пржете ги во многу масло додека не добијат златеникава боја