Потребни состојки:
- 500гр свежо сирење
- 2 помали тиквички
- 4 јајца
- 8 лажици масло
- сол
- бибер
- пола кесичка прашок за пециво
- 200гр пченкарно брашно
- млеко
- половина чаша јогурт
Начин на подготовка:
Во подлабок сад изрендајте тиквички, додадете јајца и изгмечено свежо сирење и се помешајте. Матејќи лесно додадете масло и двата вида на брашно со прашок за пециво. Во смесата додадете сол и бибер по вкус и ставете малку јогурт, да добиете смеса која лесно ќе ја излеете во калапите. По вкус додадете и друг зачин. Подмачкајте ги калапите за мафини, во нов ставете корпи или обложете ги со хартија, па наполнете ги еднакво сите калапи. Печете 15-20 минути на 200 степени.