Потребни состојки:
За бисквит:
- 5 жолчки од јајца
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 3 лажици густин
- Кесичка ванилин шеќер
- 3 лажици масло
За фил:
- 1 лимон
- 150гр слатка павлака
- 250гр полномасно неслено крем сирење
- 4 лажици шеќер
- Лажица мелен афион
За прелив:
- Кесичка црвен желатин
Начин на подготовка:
Јајцата пенасто изматете ги со шеќер и ванилин шеќер, додадете брашно и масло и добиената смеса разлијте ја во плех кој сте го прекриле со мрсна хартија и печете 15 минути на 180 степени. Сирењето и шеќерот матете ги додека не добиете изедначена смеса и додека шеќерот целосно не се истопи. Додадете изрендана кора од лимон и мак, а потоа и сок од лимон. Павлаката цврсто изматете ја и полека додадете ја во смесата со сирење. Кремот премачкајте го преку кората, израмнете и прелијте со црвен желатин според упатството на кесичката.