Потребни состојки:
- 600гр јагнешко месо
- 20 млади моркови
- 12 ротквици
- 12 парчиња млад кромид
- 150гр млад грашок
- 2 домати
- 2 чешниња лук
- Магдонос
- Мајчина душица
- 2 листови лобер
- 4 лажици маслиново масло
- Малку брашно, сол и бибер
Начин на подготовка:
На врело масло пропржете го лукот, потоа извадете го и додадете парчиња јагнешко месо, пропржете го од сите страни, посипете 2-3 лажици брашно и пржете уште неколку минути со постојано мешање. Додадете го излупениот домат исецкан на коцки, посолете, додадете бибер и варете. Кога течност почнува да врие, намалете ја температурата и оставете го уште 30 минути. Додадете ги исчистените моркови, младиот кромид, ротквиците и оставете да се динста уште 30 минути.
За тоа време грашкот варете го осум минути во зовриена солена вода, исцедете и додадете го во смесата која се крчка и се заедно варете уште пет минути. Тргнете го од рингла и послужете го топло.