Потребни состојки:
- 800мл млеко
- 150гр шеќер
- 30гр желатин
- 4 кесички шлаг
- 100гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Млекото со шеќерот ставете го да зоврие. Тргнете го од оган и додадете растопен желатин, помешајте и повторно вратете на оган, но не да врие.
Мешајте додека желатинот не се изедначи. Смесата добро оладете ја и во неа додадете добро изматен шлаг, па матете уште најмалку 15 минути.
Кога ќе добиете прилично густ крем, истурете го во масна тава или можете на доното од тавата да ставите сосема малку мелени бисквити. Ставете го кремот и додадете го стопеното чоколадо.
Колачот оставете го неколку часа во фрижидер, исечете го на срциња и украсете по желба.