Потребни состојки:
- 4 говедски шницли по 200гр
- 4 лажици маслиново масло
- Сол, бибер
- 2 лажици путер
- 3 лажици зелен бибер
- 50мл павлака за готвење
- 1 лажица сенф
- Ворчестер сос
Начин на подгототвка:
Стековите пржете ги на две лажици загреано масло, од секоја страна по две минути. Извадете ги, додадете сол и бибер. Во истата маст ставете путер, па додадете бибер и павлака. Мешајте се додека не се стопи и оставете малку да зоврие, без поклопување. Потоа измешајте сенф и ворчестер сос и варете уште две – три минути. Додадете сол и бибер по вкус. Шницлите сервирајте ги прелиени со сосот од павлака.