Потребни состојки
1 свински бут
1 пиперка
100 гр. морков
500 гр. праз
1 лук
Сол и црн пипер
Масло за јадење
½ литар пиво
Припрема:
Исечете мали вдлабнатинки во месото и ставете внатре по многу мало парченце лук, па целиот бут пропржете го на врело масло и оставете го малку да отстои.
Исецкајте ги празот, морковите и пиперката, па пропржете ги во истото масло за јадење, па наросете сол и црн пипер врз бутот и врз зеленчукот.
Во тава за печење ставете го пржениот зеленчук, месото, па печете на температура од 200 степени околу еден час. Потоа полејте го месото со пивото и засилете ја температурата на 250 степени, па печете уште час и половина, а по потреба повторно налевајте пиво. Добар апетит!