Потребни состојки:
- 600гр. Телешки филети
- 100гр. Лешници
- 1 јајце
- 2 лажици путер
- Мускатно оревче
- Сол и бибер
Начин на подготовка:
- Исчистете и измијте ги телешките филети.
- Исечете ги на кругови од околу 3 см.ж
- Зачинете ги со бибер, сол, мускатно оревче.
- Лешниците исецкајте ги , а јацето добро изматете го.
- Филетите извалкајте ги прво во јајцата а потоа извалкајте ги во лешниците и добро притиснете за да се задржат состојките на месото.
- Пржете на истопениот путер од сите страни.
- Можете да ги служите во комбинација со њоки во сос од домат.