Телешко месо во сос од сенф и лук

popara19 јули, 20121min00
glavno jadenje

Потребни состојки:

  • 700гр телешко месо
  • 3-4 чешниња лик
  • 3 лажици сенф
  • 1 лажица пире од домати
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 70мл масло
  • 20гр путер
  • 600мл вода
  • 100гр брашно
  • сол, бибер
  • магдонос
  • толчен пипер

Начин на подготовка:

Стековите посолете ги, извалкајте ги во брашно и пржете на загреано масло малку да поруменат и да се направи кора околу нив. Пропржените стекови ствете ги во сад и оставете ги на страна, а маснотијата во која ги пржевте, сочувајте ја.

Во друг сад ставете 4 лажици масло во која се пржеа стековите и путер. Во загреаната смеса од масло и путер додадете го преостанатото брашно и пржете до светло кафена боја.

Кога брашното ја ја добие саканата боја, на кратко тргнете го од шпоретот и додавајте ладна вода со постојано мешање да се добие мазна смеса без грутки.

Вратете на шорет, додадете пире од домати, сол и толчени пиперки, кафеав шеќер и оставете да зоврие. Кога смесата зоврива додадете ги стековите, поклопете и варете 20 минути на тивок оган.

Во чинија изматете сенф, кисела павлака, лук, 2 лажици вода и таа смеса додадете ја во стековите. убаво се помешајте и варете додека стековите не омекнат, околу 10-15

кога стековите ќе бидат готови, тргнете ги од шпорет, додедете сецкан магдонос и бибер, поклопете ги и оставете 10 минути вкусовите да се соединат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag