Телешко во сос од млеко

popara21 јуни, 20121min00
telesko meso

Потребни состојки:

  • 1,2 кг телешки бут
  • 1 главица кромид
  • 100гр свинска пршута
  • 25гр сушени печурки
  • 7,5дл млако
  • 1 лажица густин
  • 50гр путер, сол

Начин на подготовка:

1. Потопете ги печурките во ладна вода на 20 минути, па исцедете ги и исецкајте. Наредете ситни парчиња пршута на лист хартија за печење така што делумно ќе се преклопуваат и формираат поголем правоаголник. Ставете го месото во средина и обмотајте го целото со парчиња пршута. Врзете го со конец.

2. Излупете го лукот, ситно исецкајте го, растопете путер во овално тенџере, па додадете сецкан кромид и на тивко пржете 2-3 минути. Исцедете го кромидот од тенџерето и оставете го на страна. Во тенџерето додадете го месото и пропржете го од сите страни. Додадете сушени печурки и кромид.

3. Додадете млако млеко (задржете на страна 1 чаша) и 5дл врела вода. Посолете, почекајте да зоврие, потоа сварете го месото во полузатворено тенџере на тивок оган околу 1 час и половина час или префрлете го во рерна, затворете и печете 1 час и половина час на 180 степени.

4. Исцедете го месото од сосот, во преостанатото млеко изматете густин и додадете го во сосот во тенџерето. Варете на тивок оган 4 минути, потоа изблендирајте. Месото исечете го на тенки парчиња, послужете со сос и по желба украсетесо малку сецкан магдонос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag