Потребни состојки:
- 10гр сушен вргањ
- 400гр свежи печурки или шампињони
- 400гр тестенини
- сол
- бибер
- 2 лажици маслиново масло
- ½ лажици рендана кора од лимон
- магдонос
- 30гр пармезан
Начин на подготовка:
- Омекнете ги печурките во 250 мл топла вода. Свежите печурки исчистете ги и по желба исецкајте. Сварете ги тестенините според упатството на паковањето.
- Загрејте го маслото во голема тава и пропржете ги печурките, се додека не испари целата вода. Додадете сол и бибер. Додадете ги и натопените печурки (вргањ) заедно со водата, сварете и крчкајте околу 5 минути.
- Додадете кора од лимон, магдонос и пармезан и по потреба уште еднаш зачинете. Исцедете ги тестенините и исплакнете ги под ладна вода, добро исцедете сервирајте со сосот со печурки. Украсете со билки по желба.