Тиквички полнети со мелено мисиркино месо

popara24 јуни, 20121min00
tikvicki

Потребни состојки:

  • 2 средни тиквички
  • 4 лажици масло за јадење
  • 1 ситно сецкан кромид
  • 4 ситно сецкани чешниња лук
  • 200 гр. ситно сецкани свежи шампињони
  • 300 гр. мелено мисиркино месо
  • 2 ситно сецкани домати
  • 2 лажици бело вино
  • 50 гр. пармезан
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • 1/2 лажичка мелен пипер
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 1 лажичка ситно сецкан свеж рузмарин
 
Начин на подготовка:
Исечете ги тичвичките по должина и издлабете ги.
Загрејте го маслото во тава, па испржете го кромидот и лукот. Откако ќе се испржат, додадете ги шампињоните, смесата што сте ја издлабиле од тиквичките и гответе уште 5 минути со постојано мешање.
Во друга тава исто така загрејте маслиново масло, па пропржете го меленото мисиркино месо се додека не потемне. Потоа додадете го на претходно подготвената смеса, па додадете го виното, доматите, магдоносот, рузмаринот и гответе уште 5 минути. Тргнете ја тавата од оган, а доколку има вишок маснотија исцедете ја и оставете ја да се излади малку.
Во тавата додадете го изматеното јајце со пармезанот, солта и биберот. Наполнете ги тиквичките со смесата од тавата. Наредете ги тиквичките во тава за печење (најдобро во земјен сад) и налејте вода за тиквичките да бидат покриени со вода до половина. Печете на температура од 180 степени околу 40тина минути. Послужете ги тиквичките додека се топли, најдобро во прилог со кисело млеко или павлака. Добар апетит!
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma