Топчиња во снег

popara30 октомври, 20121min00
torta

Потребни состојки:

За кора:

  • 120гр брашно
  • 60гр пченкарно брашно
  • 2 јајца
  • 100гр шеќер
  • една лажица прашак за пециво
  • 2-3 лажици вода
  • путер за подмачкување

За фил:

  • 500гр крем сирење
  • 2 јајца
  • 150гр шеќер
  • 1 лимон
  • 2 кесички желатин
  • 500мл слатка павлака

За декорација:

  • 500гр грозје
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

За кора изматете ги жолчките со половина од шеќерот и вода. Посебно изматете белки со преостанатиот шеќер и лесно составете со изматените жолчки. Додадете брашно, пченкарно брашно и прашокот за пециво. Развијте го тестото и со него обложете кружен подмачкан калап. Печете 25 минути на 200 степени. За фил изматете сирење, жолчки и лимонов сок и исцеден желатин кој стоел во врела вода. Пенасто изматете ги белките и соединете со сирењето. Потоа добро измешајте павлака во смесата од сирење. Филот ставете го во калапот со кората, одозгора наредете разнобојни топчиња од грозје и посипете со шеќер. Пред послужување оставете да се олади во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag