Бисквит:
– 3 јогурти
– 3 чаши брашно
– 2 чаши шеќер
– 1 чаша масло
– 5гр какао
– 1 прашок за пециво
– 2 кесички ванилин шеќер
– Мала лажичка сода бикарбона
Прелив:
– 250гр чоколадо
– Коцка путер
– Павлака за готвење
Начин на подготовка:
Сите состојки за бисквит добро измешајте ги. Ставете ги во калап за торта, кој треба да биде околу 30см, не помал. Печете на 180 степени 45 минути. Не тивок оган или на пареа стопете ги состојките за прелив. Колачот оставете го малку да се олади, а потоа прелијте го со стопеното чоколадо.