Потребни состојки:
- 2 пакувања бисквити
- 1л. Млеко
- 1 кесичка пудинг од чоколадо
- 1 кесичка пудинг од банана или ванила
- 200гр. путер
- 2 зрели банани
- ¼ л. Слатка павлака
- 4 кес. Ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Прво сварете ги двата пудинзи и во секој од нив измешајте по 100гр. путер. Оставете да се лади.
- Во мултипрактик сомелете ги бананите и ставете половина од содржината на пирето во секој пудинг.
- Изматете шлаг со шеќер од ванила и ставете во фрижидер.
- Во сад со капак, поредете еден ред кекс.
- Премачкајте го со половина пудинг од ванила а потоа со шлаг. Ред кекс , па пудинг од чоколадо и така до крај.
- Целата торта украсете ја со шлаг.
- Никако не треба да го премачкувате кексот со сируп или со сок бидејки ќе се распаднат. Тортата, задолжително преку ноќта, треба да отстои во фрижидер, бидејки така убаво ќе се обликува.
- Вкусот е феноменален, а се служи со овошје.
- Пријатен апетит…