Потребни состојки:
- 2 јајца
- 300гр шеќер
- кесичка ванилин шеќер
- 125гр маргарин
- 100гр какао
- 200гр брашно
- 200мл јогурт
- кесичка прашок за пециво
- 200мл нес кафе
За фил:
- 500гр малини
- 200гр шеќер
- 200мл вода
- 1 пудинг од малини
За фил 2:
- 200гр шлаг крема во прав
- 200мл вода
- 200гр чоколадо
- 200мл кисела павлака
Начин на подготовка:
Изматете јајца со шеќер и ванилин шеќер, па додадете стопен маргарин, јогурт, какао, брашно и прашок за пециво. Соединете ја смесата додавајќи топло нес кафе. Смесата исурете ја во подмачкана тава и печете половина час на 180 степени. Кората оладете ја на решетки и исечете ја на три дела. Кога кората ќе се испече и добро олади, хоризонтално исечете ја на три дела. За првиот фил, во сад ставете малини, шеќер и вода, оставете да проврие и кога шеќерот ќе се стопи, додадете пудинг од малини разматен во водата. Варете додека не се згусне. Топлиот пудинг нанесете го рамномерно на сите три кори и оставете да се олади. За другиот фил изматете шлаг со вода, па додадете истопено чоколадо и кисела павлака. Се добро изматете и филувајте ја тортата: Кора со слој од малини, фил втора кора, друг фил и така со ред. Тортата оставете ја два-три часа во фрижидер убаво да се стегне.