Потребни состојки:
- пакување пишкоти
- филџан сварено силно кафе
- рум
- 100мл слатка павлака
- 200гр овошен јогурт од јагоди
- 100гр шеќер
- 300гр јагоди (малини или капини)
- 100гр чоколадо за готвење
- Пола лажица масло
Начин на подготовка:
Пишкотите натопете ги во изладено сварено црно кафе во кое сте додале 3-4 капки екстракт од рум. Обложете ја чинијата со фолија, на дното и од страните наредете ги пишкотите и филувајте.
Фил: Во длабок сад истурете ја слатката павлака, овошниот јогурт,шеќер и сецкано овошје и сите заедно матете ги со миксер за смесата да се изедначи.
Истурете во садот обложен со пишкотите, брз филот одново наредете пишкоти и ставете во замрзнувач некое време. Замрзнатата торта ставете ја во голема чинија и прелијте ја со растопено чоколадо.