Потребни состојки:
11 јајца
6 лажици шеќер
550 гр. шеќер во прав
5 лажици брашно
250 гр. сецкани лешници
500 гр. суво грозје
2 пудинга од ванила
400 мл. млеко
1 маргарин
1 голема конзерва со праски
200 гр. конзервирани јагоди
Шлаг
Припрема:
Прва кора: Изматете 5 белки со 5 лажици шеќер, додадете 5 жолчки и 5 лажици брашно. Изматете ја смесата па ставете ја во тава обложена за печење и печете околу 30 минути на температура од 200 степени, односно се додека пандишпанот не се лепи.
Втора кора: Изматете 6 белки со 300 гр. шеќер во прав, додадете ги сецканите лешници и сувото грозје. Изматете ја смесата па ставете ја во тава обложена за печење и печете околу 30 минути на температура од 200 степени, односно се додека пандишпанот не се лепи.
Фил: Изматете 6 жолчки со 6 лажици шеќер и смесата ставете ја да се зготви на пареа, па оставете да се излади. Сварете го пудингот со млекото и оставете го да се излади. Изматете го маргаринот и 250 гр. шеќер во прав, па додадете го пудингот и филот со жолчки и изматете со миксер.
Ставете ја првата кора, па премачкајте ја со половина од филот, наредете половина конзерва праски, па ставете ја втората кора и премачкајте ја со остатокот од филот. Премачкајте ја тортата со шлагот и декорирајте со остатокот од праските и јагодите. Добар апетит!