Потребни состојки:
За вафли:
- 650 гр. брашно
- ½ лажичка сол
- 600 мл. јогурт
- 3 јајца
- 1 прашок за пециво
- 1 лажичка кафеав шеќер
- 100 гр. путер
За прелив:
- 1 голема конзерва праски во сируп
- 2 лажици мед
- 250 гр. Ситно сецкани ореви
Начин на подготовка:
Загрејте го тостерот за правење вафли. Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за печиво, солта и шеќерот, а во друг јогуртот, јајцата и стопениот путер, па соединете ги состојките и изматете со миксер.
Од смесата ставете на тостерот за вафли и печете според инструкциите на самиот тостер.
Во тавче на оган ставете го сирупот од праски со медот, па гответе додека смесата не се соедини. Потоа додадете ги ситно сецканите ореви и праските и гответе уште 2 минути.
На чинија за сервирање ставете 2-3 вафли и прелијте ги со претходно подготвениот прелив. Добар апетит!