Вкусна пита со боровинки

popara7 март, 20121min00
pita borovinki

Потребни состојки:

За тесто:

300 гр. брашно

½ прашок за пециво

Малку сол

6 лажици вода

2 лажици шеќер во прав

150 гр. маргарин

За фил:

400 гр. боровници

1 лажица цимет

80 гр. мелени ореви

50 гр. шеќер во прав

1 ванилин шеќер

1 лажица лебни трошки

1 жолчка

Шеќер во прав

Припрема:

Брашното помешајте го со прашокот за пециво, шеќерот, маргаринот и солта, па додадете ја водата и замесете тесто, па тестото оставете го да отстои во фрижидер 30 минути.

Измијте и исцедете ги боровинките. Поделете го тестото на два дела. Едниот дел распоредете го во намрсен и набрашнет калап – прекријте го дното и страните на калапот со тесто.

Врз тестото посипете лебни трошки и боровинки. Потоа посипете цимет, шеќер во прав, ванилин шеќер и ореви. Од преостанатото тесто расукајте кора и покријте ја питата со кората. Површината премачкајте ја со разматена жолчка и избодете ја со вилушка. Печете во загреана рерна на температура од 180 степени 40тина минути. Откако питата ќе се испече, посипете ја со шеќер во прав. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag