Потребни состојки:
- 500гр лиснато тесто
- 300гр рендан кашкавал
- 100гр пармезан
- 2 главици кромид
- 2 тиквици
- 100гр пршута
- 2 јајца
- 100мл неутрална павлака
- 200гр крем сирење
- 100гр горгонзола
Начин на подготовка:
Посипете брашно на работната површина, на неа развлечете лиснато тесто и ставете го во подмачкан плех. Тестото премачкајте го со крем сирење, а преку сирењето посипете пармезан.
Исечете ги тиквичките и кромидот на парчиња, пршутата на коцки и наредете ги врз сирењето.
Изматете јајца со неутрална павлака, прелијте преку тестото, посолете, додадете бибер и посипете со рендан кашкавал и горгонзола. Питата печете ја 45 минути на 180 степени.