Состојки:
За кората:
- чаша масло
- чаша кисела вода
- 400гр брашно
- прашок за пециво
- 100гр шеќер
за филот:
- 4-5 портокали
- 0,5 л вода
- 350гр шеќер
- 2 пакувања пудинг од ванила
- 4 лажици густин
- екстракт од портокал
- маргарин
Начин на подготовка:
Од сите состојки кои се потребни за кората направете меко тесто. Од таа маса во плех испечете четири кори. Излупете четири-пет портокали, сварете ги во 500мл вода, почекајте да се излади и ситно исецкајте ги. Во водата во која се вареле портокалите направете го пудингот од ванила со 350гр шеќер и четири лажици густин. Кога ќе се излади филот, во него измешајте еден изматен маргарин и малку екстракт од портокал. Сето тоа да се соедини и филувајте ги корите.