Вкусни мини ѓевречиња со сос од сенф и кашкавал

popara15 јануари, 20121min00
1

Потребни состојки:

За перечиња:

150 мл. млака вода

1 лажица кафеав шеќер

2 лажици квасец

3 лажици путер

250. гр. брашно

2 лажици сол

1 ќесичка прашок за печиво

Крупна сол

1 жолчка

За сос:

1 лажица путер

1 лажица брашно

100 мл. млеко

100 гр. кашкавал

2 лажици сенф

Припрема:

Во посебен сад ставете ја водата, шеќерот, прашокот за печиво, квасецот, стопениот путер, солта и брашното и мешајте се додека не добиете мазно тесто. Потоа премачкајте го тестото со малку путер и оставете го да стаса околу еден час.

Откако тестото ќе стаса, поделете го на 4 дела и секој дел развлечете го во долгнавести кружни ленти со дијаметар од 2 сантиметри и исечете ја секоја лента на парчиња со дебелина од еден сантиметар.

Ставете ги перечињата во тава за печење врз која претходно сте ставиле хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со жолчка и прелијте ги со крупна сол. Печете на температура од 200 степени 15тина минути, се додека перечињата не потемнат.

За сосот во тавче на оган стопете го путерот, па додадете го брашното и со постојано мешање гответе околу една минута. Потоа полека додавајте го млекото и постојано мешајте, а откако ќе го додадете млекото додадете го и ренданиот кашкавал и мешајте се додека не се стопи, па додадете го сенфот и повторно промешајте.

На голема чинија за сервирање ставете ги перечињата, а во средина на чинијата ставете помала длабока чинија со сосот. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag