Потребни состојки:
1 свеж ананас
1 шоља масло за јадење
800 гр. мисиркини гради исечени на стекови
1 дл. бело вино
Сол и црн пипер
Припрема:
Месото измијте го, па зачинете го и испржете го во масло за јадење. Потоа во тавата додадете го виното и 100 мл вода и динстајте го месото. На крај може да го испржите на скара или уште малку да го пропржите во тавчето.
Ананасот исечете го на цели кругови. Во чинијата за сервирање ставете едно кругче ананас, а врз него еден стек од мисиркино месо. Прелијте со малку од течноста во која се динсташе месото. Декорирајте со копар и гранчиња нане. Добар апетит!