Потребни состојки:
- 16 крилца со батаци
- малку “Табаско” сос
- 4 лажици масло
- 1 лажица мед
- 1 лажица кечап
- 2 лажици чили сос
- 1 лажица оцет
- 1 лажица сецкан рузмарин, свеж
- сол и бибер
Начин на подготовка:
За смесата помешајте Табаско, масло, мед, кеќап, чили сос, оцет и рузмарин. Додадете сол и бибер, па со тоа премачкајте го месото и држете во фрижидер околу 4 часа.
Печете на скара околу 15-20 минути и сервирајте со сос од домати или некој друг намаз.