Залчиња од лешници

popara21 март, 20121min00
Sweet biscuits

Потребни состојки:

115 гр. путер

75 гр. шеќер во прав

115 гр. брашно

75 гр. мелени лешници

1 жолчка

20 цели лешници за декорација

Припрема:

Во тава ставете хартија за печење, а рерната загрејте ја на 180 степени. Изматете го путерот со миксер и додадете го шеќерот, па матете се додека не добиете пенаста смеса. Потоа додадете го брашното, мелените лешници и жолчката, па повторно изматете.

Од смесата формирајте топчиња, па ставете ги во тавата на раздалеченост од 3 сантиметри. Врз секое топче втиснете по еден лешник.

Пеќете 10тина минути во загреана рерна се додека колачите не добијат златна боја, па потоа извадете ги од рерна и сервирајте ги на чинија. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma