Запечен леб со шампињони

popara18 март, 20121min00
leb so sampinjoni

Потребни состојки:

400 гр. шампињони

3 лажици брашно

3 дл. млеко

1 лажица кисела павлака

Сол и црн пипер

1 лажица вегета

30 гр. маргарин

10 парчиња стар леб

Припрема:

Исецкајте ги шампињоните на листови. Динстајте ги се додека не испуштат течност, додадете го брашното, промешајте и додадете го млекото. На крај додадете ја павлаката и зачините и добро промешајте за да добиете хомогена смеса.

Секое парче леб од едната страна намачкајте го со малку маргарин, па ставете го во тава за печењете со намачканата страна надолу. Потоа секое парче добро прелијте го со подготвениот сос. Ставете го лебот во загреана рерна и печете околу 10 минути на температура од 200 степени.

Послужете ги лепчињата додека се топли. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma